Прилеп во финишот го сруши Куманово во својот дом

Ракометарите на Прилеп и Куманово одиграа интересен и ефикасен натпревар во второто коло од македонската Суперлига, а на крајот се радуваше домашниот тим, кој славеше со конечни 33-32 и го оствари првиот триумф во новата сезона. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Прилеп и Куманово: 

Прилепчани водеа и на паузата меѓу двете полувремиња (18-16), но победата ја заверија дури во претпоследната минута од натпреварот. Гостите имаа свои моменти и долго се држеа во неизвесност, иако потклекнаа во самиот финиш и му дозволија на Прилеп да донесе радост за домашната публика. 

Најефикасен ракометар кај победничкиот состав беше Димитар Димитриоски со 12 погодоци, а на спротивната страна девет голови постигна Гиљерме Да Силва Фернандеш. 

Во следното коло Куманово ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2, додека Прилеп ќе гостува кај екипата на Бутел Скопје.