Прилеп во драматичен меч го совлада Пролет и остана максимален во плеј-аутот

Ракометарите на Прилеп продолжуваат со победничката серија во плеј-аутот во Суперлигата. Тимот предводен од Наум Танески денеска ја запиша четвртата победа во битката за опстанок во ракометната елита, откако во драматичен натпревар со минимални 29-30 славеше на гостувањето кај Пролет. 

  • Комплетниот натпревар:

Двете екипи одиграа драматичен натпревар во „Македонско Сонце“. Прилеп подобро отвори и поведе со три гола разлика, по што домаќинот реагираше соодветно и го презеде водството. Возбудливото прво полувреме заврши со егал-резултат, од 15-15.

На стартот од второто полувреме се играше гол за гол, а така беше до пред стартот на последните петнаесет минути, по кои Прилеп влезе во серија и побегна на три гола предност (24-27). Пролет проба одново да се врати во игра, во последните две минути играше со играч повеќе, но не успеа да го искористи тоа и го впиша првиот пораз во плеј-аутот. 

Шипинкоски со седум и Димитриески и Илиески со по пет гола беа најпрецизни кај Прилеп, додека за домашниот тим по седум погодоци постигнаа Стоилески и Андоновски.