Прилеп спремен за десеттиот Меморијал „Миле Нешкоски“

Денес со прес-конференција беше најавен десеттиот Меморијален турнир „Миле Нешкоски“, кој ќе се одржи од четврток до недела во Прилеп. Ќе настапат шест екипи и првите три дена ќе се играат по два натпревари дневно, додека последниот ден е резервиран за натпреварите за пласман.

Сезонава ќе настапат пет македонски клуба и српскиот гигант Црвена Звезда, Во првата група се Прилеп, Бутел Скопје и Тиквеш, а во втопрата Еурофарм Пелистер 2, Пролет и Црвена Звезда.

21 август:
15:30 - Положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 - Пролет- Еурофарм Пелистер 2
20;00 - Прилеп - Бутел

22 август:
18:00 - Црвена Звезда - Еурофарм Пелистер 2
20:00 - Прилеп - Тиквеш

23 август:
18:00 - Црвена Звезда - Пролет
20:00 - Тиквеш - Бутел

24 август
15:00 - Меч за петто место
17:00 - Меч за трето место
19:00 - Финале 
20:30 - Доделување награди и свечено затворање на турнирот

Во името на организаторот денес на прес-конференција, луѓето кои го одржуваат турнирот и сеќавањето на еден од најдобрите прилепски ракометари, им посакаа добро здравје и успех на сите шест екипи. Овој турнир е добар тест за македонските суперлигаши Прилеп, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Пролет и можност за проверка на некогашниот шампион на Србија, Црвена Звезда.