Прилеп со уште еден чекор напред кон опстанокот во Суперлигата

Екипата на Прилеп го одбрани домашниот терен, дома славеше над МРК Куманово (27-24) и направи важен чекор напред во битката за опстанок во Суперлигата.

Првиот дел меѓу двете екипи беше израмнет (14-13), а главниот исчекор кон победата Прилеп го направи кога влезе во серија и од 21-21, успеа да се одлепи резултатски на 25-21. Тоа беше доволно за мирен финиш во салата „Ристе Ристевски - Ричко“.

Денис Шабановиќ со осум гола беше најдобар кај Прилеп, додека Бикоски и Кастратовиќ погодија по четири пати, а кај Куманово се истакнаа Радојиќиќ со осум и Гамзардија со пет постигнати гола.

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Куманово:

Во последните две кола од шампионатот Прилеп за ривали ќе ги има Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2, додека Куманово во 13. коло е слободен, а во последното коло ќе се сретне со тимот на Мулти Есенс.