Прилеп со мали промени означи старт, ги сака успесите на Тутунски Комбинат

Екипата на Прилеп го заврши летниот распуст и означи старт на подготовките за новата сезона во македонската ракометна Суперлига.

Екипата предводена од тренерот Горан Кузманоски во новата сезона е посилна за левиот бек Христијан Милошески како и десниот бек Жарко Барјактаревиќ кои значително треба да го подигнат квалитетот на тимот како и да ги засилат бековските позиции.

На спротивната страна, Прилеп засега го напуштија Ивица Дукоски, Даниел Андоновски како и искусниот среден бек Златко Везенкоски.

Оваа сезона управата на клубот како и тренерот Кузманоски и покрај големиот квалитет кој го поседуваат голем број на клубови во Суперлигата очекуваат голема борба и атак на повисоките позиции на табелата.

Од клубот велат дека зацртаната цел е јасна, а тоа е враќање на Прилеп онаму каде што припаѓа, како што некогаш тоа беше Тутунски Комбинат.