Прилеп со гол во последна секунда го совлада Тиквеш!

Екипата на Прилеп ќе игра финале на домашниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ затоа што во драматичен натпревар славеше над ГРК Тиквеш.

Прилепчани го добија дуелот со 24-23, со гол кој падна во последниот напад. Изедначената средба ја реши Никола Јеремиќ, кој го совлада противничкиот голман со звукот на сирената и донесе голема радост за домашните.

Димитар Димитриоски со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, додека Коцев, Чејовиќ и Ахмед дадоа по пет гола во мининалниот триумф на екипата на Наум Танески.

Во финалето на турнирот, Прилеп ќе игра со Еурофарм Пелистер 2.