Прилеп со две нови имиња ги стартуваше подготовките за опстанок во Суперлигата

Македонскиот суперлигаш Прилеп ги „запали моторите“ и ја започна мисијата – опстанок во елитата на македонскиот ракомет. 

Предводени од младиот стратег Горан Кузманоски и со две искусни засилување, прилепчани го одржаа првиот собир и ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој ќе се натпреваруваат во плеј-аутот на Суперлигата. 

Изминатиот период Прилеп остана без услугите на кружниот напаѓач Пајкоски, кој ја напушти екипата, но затоа се засили со две искусни имиња. Станува збор за кружниот напаѓач Александар Тренчевски, како и средниот бек Златко Везенкоски.

Главна цел на прилепчани ќе биде освојување на првото место во плеј-аутот, што би значело опстанок во Суперлигата.