• Иван Димовски

Ракометарите на Прилеп ја забележаа седмата победа во Суперлигата на Македонија, откако славеа на гостувањето кај Пролет со 27-30 (14-16) во рамките на 15. коло.
- Комплетниот натпревар меѓу Пролет 62 и Прилеп:
Натпреварот во скопската сала „Македонско сонце“ понуди голема борба, домашната екипа имаше свои моменти и пред крајот стигна до егал, но на крајот падна концентрацијата.
Пролет влезе подобро во мечот, поведе со 4-2 и беше во поволна позиција добар дел од првото полувреме. Последен пат скопјани водеа со 10-9, а тогаш прилепчани направија серија од 11-14. До крајот на првиот дел Прилеп се задржа во позитиван (14-16).
Во вториот дел гостите ја повторија најголемата предност од три гола во два наврати, пред Пролет да се врати до 20-20 со серија од 3-0. Оттогаш се играше егал, двете екипи не дозволуваа ривалот да се одлепи. Последен пат нерешено беше 27-27, ама во завршните акции Прилеп беше подобар и врза три гола за победа.
Давор Палевски беше најдобар стрелец на мечот со девет погодоци, додека во победничкиот табор се истакнаа Димитар Димитриоски со седум и Томислав Квастек со шест.

