Прилеп се засили од Бутел, го донесе Христијан Милошески

Екипата на Прилеп донесе ново засилување во своите редови за новата сезона во Суперлигата и потпиша договор со Христијан Милошески.

Левиот бек кој има 21 година доаѓа од Бутел Скопје и се враќа во родниот град. Прилепчанецот играше за Бутел Скопје од 2019 година, а сега со тимот на Кузманоски потпиша договор за следната сезона.

Од редовите на Прилеп очекуваат големо засилување во бековската линија со ангажманот на Милошески. Христијан Милошески потекнува од составот на Филип Прилеп, а во кариерата покрај за Бутел Скопје настапуваше и за Вардар Јуниор.

Претходно, прилепчани ги продолжија договорите со Давор Шокоски и Реваз Чантурија.