Прилеп се врати од негатива и впиша витални бодови против Куманово

Во енергичен и натпревар со многу пресврти, Прилеп го совлада Куманово со 32-31 (14-14), откако гостите во првиот дел пропуштија пет гола предност. Бодовите од овој дуел од тринаесеттото коло се витални за прилепчани, кои немаат право на кикс во директните дуели ако сакаат место во плеј-офот.

По израмнетиот старт и предноста на екипата на Мојсов од 5-4, Куманово започна серија 7-0 и изгради предност од 5-11. Со замени и тајм-аут домашниот стручен штаб го прекина ритамот на кумановчани и Рајатовски со два гола намали на 8-11. До одморот прилепчани целосно се вратија и во 27. минута Квастек погоди за 13-14. Играта на кумановчани падна и Рајатовски израмни на 14-14, резултат со кој се замина на одмор. 

Цветаноски одлично отвори во вториот дел и Прилеп поведе со +3. Сепак, Симоновски реагираше и Куманово израмни на 21-21 во 49. минута. Сепак, момците на Божидар Мојсов беа разиграни и Имнадѕе и Трајкоски го одлепија домашниот тим на +4 во 48. минута. Носени од добрата одбрана и „бомбите“ на Цветаноски, прилепчани го приведоа натпреварот кон крај и извојуваа победа од 32-31. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Куманово: 

Во домашниот табор најефикасни беа Цветаноски со осум, Трајкоски со шест и Рајатовски со шест гола, додека кај поразениот Куманово се издвоија Симоновски со десет и Димевски со седум погодоци. Со оваа победа Прилеп скокна на шестото место со 12 бода, а Куманово е деветти со шест бода.