• Иван Димовски

Ракометарите на Прилеп забележаа осма сезонска победа во Суперлигата на Македонија, откако славеа на гостувањето кај Струга со убедливи 25-33 (14-15) во 17. коло. Со овие бодови тимот на Наум Танески остана во игра за место во плеј-офот, иако на пет кола до крајот работите зависат од резултатите на Бутел Скопје и Тиквеш.
- Комплетниот натпревар меѓу Струга и Припел:
Стартот на средбата беше израмнет, стружани трипати водеа, а потоа гостите ја презедоа работата во свои раце. Прилеп се наметна, ама не успеа да изгради предност и најмногу водеше со два гола, но Струга знаеше да се врати до егал. На полувреме се замина со минимални 14-15.
Во продолжението стружани уште двапати израмнија, последен пат 18-18, а тогаш ривалот одговори со серија од 0-5. Тоа беше почетокот на крајот за домаќинот, бидејќи прилепчани со одлична игра на крајот стигнаа до висока победа.
Одново прво име во победата на Прилеп беше Димитар Димитриоски кој постигна единаесет погодоци, додека кај Струга со пет се истакна Ахмед Мајдоуб.

