• Иван Димовски

Ракометниот клуб Прилеп го промовира своето трето засилување за следната сезона.
Нов голман на прилепчани ќе биде Стефан Христоски кој се враќа „дома“. 21-годишникот минатата сезона беше голман на српски Партизан, а претходно имаше и кратка авантура во Охрид.
Сега Христоски се враќа во својот матичен клуб каде што ќе конкурира за „единицата“ и стартерското место во тимот.
Досега Прилеп се пофали со потписите на Александар Тренчевски и Божидар Илиески, а клубот најавува сериозни амбиции за следната сезона.