• Горан Упале

Ракометниот клуб Прилеп за само една седмица претстави дури четворица нови ракометари за следната сезона.
Последното од низата засилувања на прилепчани доаѓа од странство. Ново име во градот под Марковите Кули е Никола Јеремиќ.
Станува збор за босанскиот десен бек, кој во текот на својата кариера ги бранеше боите на Слога од Добој, Војводина, Грачаница и Борец.
Од клубот му посакаа добредојде и многу успешни настапи. Претходно за Прилеп потпишаа Божидар Илиески, Александар Транчевски и Стефан Христоски.