Прилеп потпиша нов тригодишен договор со талентираниот Павлов

Екипата на Прилеп успеа да задржи уште еден играч во своите редови и потпиша нов договор со талентираниот Синиша Павлов.

18-годишниот Павлов кој настапува на десната бековска позиција важи за голема перспектива во македонскиот ракомет, па Прилеп на Кузманоски не остави ништо на случајноста и со долгорочен договор го задржа во тимот.

200 сантиметри високиот десен бек во редовите на Прилеп пристигна од Голден Арт.