• Редакција Gol.mk

Иако имаа многу проблеми во првиот дел, ракометарите на Прилеп се издигнаа и го совладаа Голден Арт во дуелот од деветтото коло на плеј-аутот на Суперлигата. Екипата на Божидар Мојсов стигна од победа од 26-23 (11-13) и сега е на чекор до математичка потврда на опстанокот.
Скопјани беа мнони незадоволни од делењето на правдата и веднаш се огласија со соопштение, во кое се навраќаат на лошо делење на правдата и на претходни нивни натпревари.
„Треба да се запрашаме сите во ракометеот, какви судии ни судат, дали се компетентни да судат, дали им влијае нешто и некој над навните одлуки во текот на натпреварите. ГолденАрт е оштетен овој плеј-аут премногу пати, контраверзни одлуки против нас на натпреварите против Мултиесенс и на првиот и на вториот дуел, на натпреварот во гости со Неготино, контраверзни одлуки и на натпреварот кој го игравме дома против МРК Куманово. Дали навистина „следи контрола” за судискиот пар, или пак никој ништо не контролира и се си поминува“, се вели во соопштенито на клубот од Скопје.
- Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Голден Арт:
Шабановиќ со седум и Рајатовски со шест гола беа најефикасни кај Прилеп, додека кај Голден Арт се истакнаа Милошески со седум и Ончев со четири гола. Следниот викенд Прилеп гостува кај Мулти Есенс во Скопје, додека Голден Арт е слободен.