Прилеп минимално го доби КЛ7, Радовиш ја продолжи добрата серија

Ракометарите на Прилел се одржаа над „цртата“ и се втори во плеј-аут сегментот во Суперлигата на Македонија, откако го победија директниот конкурент Голден Арт КЛ7 (35-36). Домашните ракометари долго имаа водство, можеа порано да се одлепат, но гостите од Прилер се одржаа во игра и на крајот победија во неизвесен финиш. 

  • Комплетниот натпревар меѓу ​Голден Арт КЛ7 и Прилеп

Со по десет погодоци се истакнаа двајца играчи, од КЛ7 тоа беше Кристијан Симоновски, додека кај Прилеп најдобар беше Реваз Чантурија кој даде дури девет во првиот дел. По нив осум даде Ѓорговски, а седум Рустамов.

Четврто славје во низа запиша Радовиш кој сè уште е далеку од опстанок во елитата. Денес на домашниот дуел со Работнички победи со 27-24. Домаќините имаа резултатска контрола во текот на целиот натпревар, а Работнички се спротивстави само во финишот и немаше сили и време за враќање во игра. До победа, Радовиш го предводеше Ивица Илиев со 12 погодоци, а Тоше Ончев бадијала даде 13 голови за Работнички бидејќи немаше поддршка од соиграчите. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Јуниор Кисела Вода: 

Во рамките на плеј-аутот денес се одиграа и дуелите во кои Младост го победи Астраион (30-19), а Јуниор Кисела Вода беше подобар од Тиквеш на гостински паркет (29-31).