• Горан Упале

Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија му изрече парична казна од 100.000 денари на ракометниот клуб Прилеп поради нецелосно снимен натпревар.
Станува збор за дуелот меѓу Прилеп и Струга, од кој во доставената видео-снимка недостасувале последните седум секунди од средбата.
Според образложението на Дисциплинската комисија, со тоа клубот го прекршил член 21 од Дисциплинскиот правилник, кој за ваков пропуст предвидува парична казна во висина од 100.000 денари.
Така, прилепскиот суперлигаш ќе мора да плати значителна сума поради пропустот со официјалната видео-снимка од натпреварот.







