Бутел фати суперлигашки залет, убедливо славеше над Прилеп

Екипата на Бутел со убедлива победа ги започна настапите во ракометната Суперлига на Македонија, откако на свој терен со 31-18 славеше над тимот на Прилеп. 

Новиот суперлигаш до оваа убедлива победа стигна најмногу благодарение на проблемите со лиценците на дел од ракометарите на прилепчани, кои на овој дуел играа со само осум ракометари и немаа сили да се надигруваат со амбициозниот тим на Игор Котевски. 

Бутел уште од самиот старт го реши победникот, откако по само 10 минути игра успеа да постигне десет гола, а да прими само еден. Како одминуваа минутите прилепчани сè повеќе го губеа здивот, што му овозможи на Котевски да го ротира својот состав и да им даде шанса на сите расположени ракометари. 

Најдобри поединци во победничката екипа беа Жегарац и Георгиевски со по пет гола, додека Чупетрески постигна скоро половина од головите за Прилеп (8). 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 10 8 2 0 336:252 84 26
2 Охрид 2013Охрид 2013 10 8 1 1 277:226 51 25
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 8 0 2 278:239 39 24
4 Пролет 62Пролет 62 10 6 2 2 302:263 39 20
5 РадовишРадовиш 10 5 0 5 303:303 0 15
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 10 5 0 5 276:300 -24 15
7 ПелистерПелистер 10 2 2 6 245:264 -19 8
8 РаботничкиРаботнички 10 1 1 8 292:341 -49 4
9 Металург 2Металург 2 10 1 1 8 284:343 -59 4
10 СтругаСтруга 10 1 1 8 228:290 -62 4