• Горан Упале

Ракометарите на Прилеп им се вратија на победите во Суперлигата откако на гостувањето кај Бутел Скопје славеа со 27-29. Домашниот тим предводен од Стојанче Стоилов имаше одличен момент во второто полувреме, но целосно потфрли во завршницата и го претрпе петтиот пораз сезонава.
- Kомпленитот натпревар:
Бутел подобро го отвори натпреварот и долго време ја контролираше играта, но Прилеп успеа да ја преземе иницијативата и на пауза замина со предност од 13-16.
Во вториот дел следуваше голем пресврт. Бутел одигра фантастичен период, ја анулираше негативата и стигна до водство од 23-19, па се чинеше дека е на добар пат да ги освои бодовите.
Сепак, прилепчани не се предадоа. Со серија од 5-1 во клучните моменти го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до значајни бодови. За Бутел ова е уште едно разочарување, додека Прилеп по три натпревари без победа повторно се радува во домашниот шампионат.






