Прилеп го победи Борец и го прескокна на табелата во македонската Суперлига

Екипата на Прилеп го победи Борец (29-24) во рамки од 12. коло од македонската Суперлига. Со четвртата сезонска победа прилепчани го прескокнаа денешниот противник на лигашката табела, кој има еден натпревар помалку.

И двете екипи во својот претходен натпревар загубија од тимот на Тинекс Пролет. Гостите од Велес настапија со младинска екипа и ја продолжија негативната серија на резултати која ги остави на седмото место. Прилеп наметна свое темпо и ја користеше секоја шанса, па заслужено имаше предност по првите 30 минути (15-12).

Продолжението донесе неизвесност, која на десет минути до крајот гласеше 20-19 во корист на домаќинот. Но, следуваше серија од четири врзани гола во мрежата на велешани, па по мирна завршницата домашните ракометари се радуваа на конечната победа (29-24).

Јанчев со девет и Јаневски со шест гола беа најефикасни во тимот на Соколески, а кај велешани се истакна Николов со 14 гола.  

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0