• Мартин Танасковски

Екипата на Радовиш останува единствен тим со „нула“ на своето конто во Суперлигата. Екипата на домашен терен загуби од Прилеп (24-29) во меч кој се одигра во рамки на единаесеттата рунда.
- Комплетниот натпревар меѓу Радовиш и Прилеп:
Прилеп си ја заврши задачата и така ја прекина лошата низа која тимот го следеше четири кола, во кои имаше четири порази во низа од Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Охрид и Вардар 1961. Три беа од фаворитите за висок пласман, но, сепак, добро е што екипата освои полн плен по пауза од еден месец.
Димитар Димитриоски беше најефикасен кај Прилеп со седум гола, пред Рајатоски и Квастек со по четири гола, додека кај Радовиш, Славе Јанковски даде шест, а Мартин Димов пет гола.
Прилепчани во Суперлигата имаат скор од четири победи и седум порази, а во следното коло ги чека гостување кај Еурофарм Пелистер 2. Радовиш, пак, во следното коло пак ќе биде домаќин и ќе го пречека МРК Куманово кој е на една победа во стартните 11 кола.









