• Мартин Танасковски
Екипата на Прилеп си ја заврши задачата и со победа против Вардар Неготино (42-34) дојде до важни бодови во плејаутот од Суперлигата. Така, прилепчани во последното коло ќе играат директен дуел за опстанок.
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар Неготино и Прилеп:
Во ниту еден наврат не беше доведен под знак прашалник резултатот на мечот во Неготино. Прилеп е далеку поискусен ривал од вардарци, тоа го покажаа на терен. На полувремето имаа предност од 22-13, па вториот дел беше рутински.
Најдобар стрелец во таборот на Прилеп беше Христи Бикоски со осум гола, пред Томислав Квастек и Давид Трајкоски со по седум гола, додека кај Вардар Неготино, Мирослав Митевски постигна 13 гола во противничката мрежа.
Во последната рунда од плејаутот, Прилеп ќе игра директен дуел за опстанок со Еурофарм Пелистер 2.