Прилеп го одбрани домашниот терен против Струга

Екипата на Прилеп прокнижи нова суперлигашка победа и на домашен терен беше подобра од Струга (25-22) во натпревар во кој се дојде до посакуваниот резултат со одлични десет минути.

Домаќинот и стружани имаа егал-натпревар речиси цело прво полувреме, а пресудија последните пет минути во кои домаќинот влезе во серија, а гостинот не успеа да постигне ниту еден гол.

Двата тима беа резултатски близу до 10-9, а тогаш, избраниците на Кузманоски постигнаа четири гола еден по друг и на пауза заминаа со предност од пет гола (14-9). Тоа се покажа како клучно, затоа што ракометарите на Струга ниту еднаш не се заканија дека може да ги расипат плановите на домашните.

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Струга: 

Христијан Милошески постигна пет гола и беше прв стрелец кај Прилеп, пред Реваз Чантурија и Казеин Рустамов кои имаа по четири, додека кај стружани Славе Јанковски беше најдобар со шест гола, пред Владан Кастратович со пет реализации.