Прилеп го надигра Мулти Есенс пред домашната публика

Ракометарите на Прилеп продолжија со одличната игра на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски”, совладувајќи ја екипата на Мулти Есенс од Скопје со сигурни 31-26, пред домашната публика во сала „Ристе Ристески - Ричко”.

Екипата на Наум Танески влезе концентрирано и на полувреме имаше солидна предност (15-13), која успешно ја задржа до крајот. Најефикасен беше Денис Шабановиќ со 8 гола, а одлична партија одиграа и Димитар Димитриоски (5 гола) и Андреј Стојаноски (4 гола).

Кај гостите, најдобар стрелец беше Горазд Дамчевски со 5 погодоци, но тоа не беше доволно да го спречи прилепскиот тим во домашната победа.