Прилеп доведе нов кружен напаѓач за новата сезона

Откако го обезбеди оопстанокот во Суперлигата, Прилеп започна со креирањето на новиот тим за наредната натпреварувачка сезона. Прво официјално засилување за екипата на Прилеп е Александар Тренчевски, искусниот кружен напаѓач, кој повторно се враќа на домашен терен.

Тренчевски во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор, Зомимак, Струга, Паргас ИФ од Финска и за Астраион.

Тренерот Божидар Мојсов се надева на компетитивен тим кој следната сезона ќе се бори за место во плеј-офот на Суперлигата.

Новата сезона во мак-ракометот почнува во првата недела од септември.