Прилеп донесе нов пивот, парафира со Трајчевски

После успешно завршена сезона во машката ракометна Суперлига, екипата на Прилеп започна со креирање на костурот на екипата за наредната натпреварувачка сезона и донесе ново име.

За периодот кој следи договорена е двегодишна соработка со пивотот Томче Трајчевски, кој од екипата на Радовиш ги засили прилепчани. Играчот е роден 1999 година, висок е 187 сантиметри.

Се работи на уште неколку засилувања за конечно комплетирање на тимот на Прилеп за следната сезона на домашната сцена.