Прилеп доминантно го заврши плеј-аутот, Голден Арт падна под Марковите Кули

Ракометарите на Прилеп со стил се одјавија од домашната публика и забележаа убедлива победа над Голден Арт во последното коло од плеј-аутот во Суперлигата. Во градот под Марковите Кули, избраниците на Реваз Чантурија со 31-25 го совладаа скопскиот тим и со седум победи, две ремија и пет порази ја завршија битката за опстанок во македонската елита.

  • Koмплетниот натпревар:

Домашните ракометари уште од самиот старт му дадоа до знаење на противникот дека бодовите ќе останат во Прилеп. Гавашелишвил и Мирчевски беа расположени за надигрување и Прилеп не нивни погон се избори за убедливи плус осум на полувреме (18-10).

Прилепчани и на стартот од вториот дел продолжија во ист ритам и нивното водство се искачи на максимални десет гола, но како одминуваа минутите, така Голден Арт ја топеше предноста на противникот, за на да забележи пораз од шест гола разлика (31-25).

Гавашелишвил и Гамзардија со по пет гола беа најпрецизни во домашнот табор, додека за Голден Арт седум имаше Шилегов, а Милошески застана на пет.