• Зоран Мишевски

Ракометарите на Прилеп го освоија трофејот на единаесеттото издание на Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалето убедливо триумфираа над екипата на ГРК Тиквеш со резултат 36-29 (17-12).
Домашниот тим, предводен од Наум Танески, ја најави победата уште во првото полувреме со водство од 17-12, по што во вториот дел рутински го приведе натпреварот до крај во спортската сала „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп.
Во натпреварот за третото место Еурофарм Пелистер 2 го совлада Мулти Есенс со 32-29.
Поединечни признанија и награди:
Најкорисен играч (МВП): Димитар Димитриоски (Прилеп)
Најдобар голман: Благојче Трајкоски (Прилеп)
Најдобар стрелец: Кристијан Симоноски (Еурофарм Пелистер 2)





