Прилеп без проблеми до триумф над Борец

Ракометарите на Прилеп ја прославија првата суперлигашка победа оваа сезона. За разлика од претходниот викенд, кога некомплетни беа лесен залак за Бутел, сега со комплетен ростер прилепчани славеа над ГРК Борец со убедливи 33-22.

Гостите отворија со водство од 0-3, а некаде до средината на првиот дел одржуваа резултатска рамнотежа на теренот, 6-6. Потоа, прилепчани се одлепија на предност од +4, а таа разлика ја задржаа до крајот на полувремето (17-13).

Избраниците на Пеце Велјаноски со два гола на стартот на вториот дел водеа и со 19-13 и веќе беше јасно кој ќе биде победник. Прилеп водеше во неколку наврати и со +13 голови, но на крајот велешани намалија на конечни 33-22.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Бозароски и Шокоски со по седум голови, а Органџиев даде пет погодоици. Кај гостите од Велес се истакнаа Ристовски со шест, како и Минов и Ристов со по четири погодоци.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0