Прибак заминува од Бешикташ и ќе потпише со францускиот Трембле

Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак ќе ја зголеми македонската колонија во Франција. Прибак ќе го напушти Бешикташ на крајот од сезоната на истекот од едногодишниот договор и ќе мине во францускиот Трембле, дознава Gol.mk.

Договорот е постигнат на една сезона со опција за продолжување на уште една сезона ако двете страни се задоволни. Во тековниот шампионат Трембле е на претпоследното место со само 6 освоени бода.

Бившиот ракометар на Вардар ќе биде блиску до очите на селекторот Обрван и неговиот помошник Брестовац, кои го водат Шамбери