• Зоран Мишевски
Веројатно заедно со Германија, нашиот утрешен противник Норвешка е најбрзата репрезентација на шампионатот. Со оглед на тоа што ние игравме многу бавно против Хрватска, се поставува прашање како двата различни стила на игра ќе се чувствуваат еден против друг утре во меѓусебниот дуел.
„Против Полска мислевме дека се чувствуваме добро, но на теренот тоа така не изгледаше. Ќе видиме како ќе играме утре по неколку слободни дена. Тактиката е работа на селекторот. Како тој ќе одлучи, така ќе играме. Но против Норвешка јасно е дека нема да можеме да играме со три замени одбрана-напад како на претходните натпревари. Три замени се реално многу за екипа која игра така брз ракомет како Норвешка“, истакна Прибак.
Една од најскромните селекции со асови и големи имиња, Норвешка плени со својата енергија и квалитет. Дури и толку воодушевува што ако не успее да ги сопре балканскиот измешан стил на ракомет, тогаш нема никој да ги сопре на ова првенство.