• Зоран Мишевски

Искуството на Немања Прибак може да биде голем плус за нашата репрезентација пред мечот со Франција. Ракометарот на Бешикташ делува смирено и очекува шанса од селекторот Обрван.
„Секогаш кога мислите дека Франција ќе падне и дека генерацијата се менува, тие освојуваат некое Европско или Светско првенство. Од овој меч ќе видиме до каде сме со формата и како се подготвивме овие 20 дена. Мора да играме и одбрана и напад и да се враќаме брзо, буквално сè мора да направиме перфектно“, вели Прибак.
На Светското првенство во Катар, Прибак дебитираше на големо натпреварување за Македонија, а сега би требало неговата улога да биде уште позначајна, посебно со физичката состојба на Филип Лазаров и Наумче Мојсоски.