ФОТО: Претседателот Стерјев лично им го честита триумфот на сите пелистерци!

Европските резултати повеќе не се случајност. Еурофарм Пелистер ги разгали срцата на вистинските ракометни љубители и на својата голема армија на фанови. Спортинг беше надигран и со перфектно второ полувреме совладан со убедливи 31-25 во „Боро Чурлевски“.

Претседателот на клубот Зоран Стерјев, по натпреварот лично им го честита големиот триумф на сите ракометарите и членови на стручниот штаб, кои останаа уште петнаесеттина минути да отпоздрават со задоволните битолски фанови. Подоцна Стерјев ги посети ракометарите и во соблекувалната и отпоздрави со нив за големиот триумф.

Со оваа победа пласманот во осминафиналето за битолчани е скоро готова работа, а во пролетните четири натпревари ќе може да се бори за што е можно подобра стартна позиција во нокаут фазата. Ако минатата сезона како четвртопласиран со единаесет бода заврши зад Рај Некар Левен, ГОГ Гудме и Кадетен Шафхаузен, сега тимот на Бабиќ сонува нешто повеќе.

А со ваква хемија и вакви навивачи сонува и претседателот и целото големо спортско семејство - Еурофарм Пелистер!