Претседателот славеше како навивач: Македонскиот ракомет меѓу најдобрите во светот!

На трибините во СЦ „Јане Сандански“ вчера поддршка на нашите ракометари и даде и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој ја бодреше селекцијата на патот кон нов Мундијал.

„Одиме на Светско! Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот, благодарејќи на нашите ракометари, на нивната посветеност, пожртвуваност, борбеност, но и на навивачите со кои создадовте нераскинлива врска. Заедно, во нови победи!“, напиша на социјалните медиуми Пендаровски.

Атмосферата во СЦ „Борис Трајковски“ синоќа беше величенствена и Македонија уште еднаш потврди дека е ракометна мека.