ФОТО: Претседателот Мукаетов навива за Македонија – од први редови! 

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонската ракометна репрезентација ги започна настапите на 26. Светско првенство во ракомет, кое се игра во Германија и Данска

Нашите момци дебитираа против селекцијата на Јапонија, а очекувано, македонската „фалага“ веќе ја наполни арената „Олимпија Хале“, а меѓу најверните навивачи е и првиот човек на федерацијата, Живко Мукаетов, кој заедно со своето потесно семејство ќе ги бодри воините на „Ел команданте“. 

Друштво на Мукаетов му прави и секретарот на РФМ, Филип Милошевски, кој исто така со своето семејство ќе стиска палци за стартна победа на нашата селекција во Минхен.

Македонија може да се пофали со добар скор од првите натпревари на Мундијалите, запиша пет победи на шест меча, па така нека биде и денес против „самураите“. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0