ФОТО: Претседателот Мукаетов го водеше славјето во соблекувалната во Клуж

Мукаетов

Македонската ракометна репрезентација си замина со пораз од Романија, но се насмевка на лицата поради изборениот пласман на уште еден Мундијал.

Домашните ракометари ја искористија опуштеноста во таборот на Раул Гонзалез и на крај запишаа утешна победа. Се чини дека нашиот национален тим во текот на сите 60 минути го контролираше мечот и покрај тоа што романската репрезентација на моменти имаше и +4.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, пулсираше од трибините во такт со нашите репрезентативци, а потоа ја предводеше славеничката атмосфера во соблекувалната.