• Мартин Танасковски
Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, испрати честитки до ракометарите за пожртвуваната игра и нерешениот исход со селекцијата на Португалија (29-29) која на Европското првенство (ЕП) дојде со цел за медал.
„Вечерва бевме сведоци на витешка борба во којашто на теренот се разлеа препознатливата македонска вулканска енергија.
Македонската публика пак, со френетичното навивање беше, е и ќе остане осмиот играч во салата.
Моите мисли се секогаш со македонските ракометари! Верувам во нивната сила, зрелост и потенцијал да растат од натпревар во натпревар.
На Лазаров и тимот им посакувам уште поцврста игра, поголема смиреност во клучните мигови и успех што ќе биде заслужена круна на нивната пожртвуваност!“, објави првата дама на Македонија.
Македонија во последното коло на ЕП 2026 игра против Романија, а со евентуална победа, ќе чека на исходот од дуелот меѓу Данска и Португалија за да прави математики дали ќе патува во втората фаза.





