Пресврт во финишот, Бахреин ја совлада Јапонија за прва историска победа на Мундијалите

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Во реприза од финалето на Азискиот шампионат во ракомет, Бахреин и Јапонија одиграа драматичен дуел, во кој со серија 3-0 во последните три минути, азискиот шампион Бахреин извојува победа од 23-22 и за првпат во историјата победи на натпревар од Светско првенство. 

Првиот дел целосно мина во израмнета игра и дури девет пати резултатот беше егал. Башам кај Бахреин и Мотоки кај Јапонија беа најефикасни со по три погодоци, а „црвените“ за еден гол беа поуспешни по 30 минути (10-9).

Вториот дел започна со ризична игра без голман на Кристјансен и со серија 5-1, Јапонија дојде до пристојна предност (14-19). Бахреинците се доближија до 20-21, а по јапонските грешки со два седмерци преку Башам и Хабиб и израмнија на 22-22. Јапонците помашија трет напад по ред и за Бахреин останаа уште 13 секунди. Капитенот Хусеин Ал Сајед со удар низ зоната го изненади јапонскиот голман и донесе голема победа за Бахреин со 23-22. 

Најефикасни во селекцијата на Кристјенсен беа Ал Сајед со пет и Башам со шест гола, а во јапонскиот состав се истакна Мотоки со осум погодоци. Двете селекции продолжуваат во Копенхаген на „Президент Купот“ за пласман од 16. до 24. место.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0