• Мартин Танасковски

Екипата на Скопје 2020 успеа да направи пресврт и да слави со Јуниор Кисела Вода (26-28) во рамки на Купот на Македонија и така тимот обезбеди место во финалниот натпревар од групата каде се наоѓа фаворитот Вардар 1961.
- Комплетниот натпревар меѓу Јуниор К.В. и Скопје 2020:
Тимот од Кисела Вода може да жали затоа што во финишот имаше предност која ја испушти. Избраниците на Илија Чокрев предводени од Филип Петровски имаа 25-23, меѓутоа Скопје на Кузмановски потоа влезе во серија.
Енигма во нападот за ривалот беше Марио Мишевски кој уште еднаш се наметна како лидер на Скопје оваа сезона и го сврти мечот во полза на својот тим. На крајот, Скопје славеше со 26-28 и обезбеди финале во групата од Купот.
Токму Марио Мишевски со десет гола беше најдобар кај победникот, а Киселовски и Бајрактаревиќ дадоа по четири гола, додека кај Јуниор Кисела Вода, Филип Петровски имаше осум, а Стефан Крстевски пет реализации.