ВИДЕО: Пред шест години Борко ги маѓепса Австријците и ни ја донесе следната фаза

Традицијата ни носи позитивни спомени кога се навраќаме на натпреварите против Австрија. На Европското првенство во Данска во 2014 година, во рамките на групата А, Македонија извојува драматична победа над Австријците со 22-21 и се пласира во следната фаза.

Борко Ристовски во последната секунда одбрани за победа и го понесе епитетот јунак на натпреварот. Нашиот голман натпреварот го заврши со 19 интервенции и 50% успешност на одбрани.

Австрија падна и 12 месеци подоцна на Мундијалот во Катар, тогаш поубедливо со 36-31. Нека биде така и попладнево во „Штадхале“ во Виена.