• Мартин Танасковски
Екипата на Фуксе Берлин ќе мора без еден од главните играчи во одбраната, затоа што Пол Друкс објави дека се повлекува од ракометните терени.
Германецот кој има 29 години заработи сериозна повреда на коленото на тренинг, па соопшти дека нема да продолжи со активното играње ракомет. Интересно, Друкс пред само две седмици играше против Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите во Битола.
Друкс беше столб на одбраната на „лисиците“ долги 13 години, а покрај за Фуксе Берлин играше и за бундеслигашот Гумерсбах.







