• Иван Димовски

Данската ракометна легенда и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Микел Хансен, го одигра последниот во клупскиот ракомет. На негова жал Барселона го победи Алборг и го освои трофејот во Лигата на шампионите (30-31).
Алборг имаше напад за реми на крајот и веројатно продолженија, меѓутоа нерешителноста во неколку наврати беше голем проблем за Данците, па така и во овој случај. Крајот донесе шут на Хансен од девет метри по истекот на времето. Бекот се крена и успеа да шутне преку блокот, а вртената топка заврши во пречката и славјето на Барса започна.
- Последниот шут на Хансен во Лигата на шампионите:
Congratulations, champions! #ehfcl #ehffinal4 #clm pic.twitter.com/bt9MPoHcul
— EHF Champions League (@ehfcl) June 9, 2024
Интересно, од речиси идентична позиција пред 16 години тогаш младата надеж на Данска успеа да даде гол. Станува збор за меч од групната фаза на Олимписките игри меѓу Данците и Русите. Резултатот беше 24-24, а тогаш по истекот на времето Хансен погоди преку блокот во спротивниот агол.
- Голот на Хансен во 2008 година против Русија:
Токму на Олимписките игри ова лето Хансен ќе ги одигра последните натпревари во кариерата и за својата Данска.