ВИДЕО: Преагресивниот Мораеш го заврши финалето по само 16 минути

Gol.mk на SEHA Final 4

Вардар е силно хендикепиран во финалето на СЕХА лигата, бидејќи Бразилецот Мораеш уште на средина од првиот дел заработи исклучување. Тој отиде преагресивно врз Алекс Влах и црногорските судии му покажаа директен црвен картон.

Црвениот картон на Рожерио Фереира Мораеш:

Ако Столе Стоилов мислеше дека ќе нема потреба да влегува, сега доби неочекувано голема минутажа по вчерашната лавовска борба против Мешков Брест.