ППД Загреб го доби хрватското дерби и обезбеди ново СЕХА-финале

Gol.mk на SEHA Final 4

Хрватскиот шампион ППД Загреб е прв финалист на завршниот турнир на СЕХА лигата во ракомет, откако попладнево во Брест во првото полуфинале го надигра Нексе Нашице со 28-23 (15-11). Натпреварот го следеа само 1.000 љубители на ракометот, главно белоруски симпатизери на оваа игра. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот почна со подобра игра на фаворитот и два неодговорени гола на Бичаниќ. Скоро половина полувреме само Јагањац постигнуваше голови за „зелено-црните“ од Нашице, а „плинарите“ континуирано водеа од 2-3 голови. 

Во 19. минута Хрвоје Хорват повика тајм-аут, отако Алекс Влах погоди од чекор за 10-6 за ППД Загреб. Со полетна игра избраниците на Тамше го добија првиот дел со 15-11 и најавија ново СЕХА-финале.

Ракометарите на Нексе подобро го почнаа вториот дел и намалија на -2 со головите на Бувиниќ и Јагањац. Морено Цар меѓу стативите се разбрани и им даде трошка надеж на „громовите“ дека ќе се вратат во егал натпревар.

Тогаш Дамир Бичаниќ постигна нови два гола и при 23-18 го принуди стручниот штаб на Нексе на тајм-аут. Искусниот тим на Тамше лесно го приведе натпреварот кон крај и „плинарите“ со 28-23 триумф од обезбедија трето СЕХА-финале.

Најефикасни во таборот на ППД Загреб беа Бичаниќ со седум и Влах со шест гола, а кај Нексе позитивен натпревар одиграа Бувиниќ со седум и Шипиќ и Вида со пет погодоци.

  • Потег на натпреварот: 

  • Гол на натпреварот:

  • Играч на натпреварот: Алекс Влах (ППД Загреб): 

Мешков Брест и Вардар второто полуфинале во „Викторија Арена“ ќе го започнат во 19:00 часот.