• Иван Димовски
Еурофарм Пелистер во рамките на петтото коло во Лигата на шампионите ќе го дочека најтрофејниот во ова натпреварување Барселона.
Каталонскиот гигант доаѓа во Битола в среда, а веќе од понеденик започнува продажбата на билетите. Преостанатите влезници кои не се продадени со сезонските ќе бидат пуштени во продажба точно напладне во понеделник.
Стандардно, клубот ќе продава билети онлајн и на неколку локации во Битола. Цените се однапред утврдени и изнесуваат 550 и 650 денари за двете трибини, во зависност од локацијата.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона се игра в среда во терминот од 20:45 часот.





