Познато име во Пролет, на клупата се враќа искусниот Никола Матлиески

Никола Матлиески повторно ќе биде тренер на екипата на Пролет 62, објавено е на клупскиот веб-сајт. Раководството на клубот мораше бргу да реагира по шокантната смрт на Александар Јовиќ и доведе на клупата добропознато и искусно име. 

Матлиески беше предводник на Пролет во периодот меѓу 2017 и 2021 година, давајќи голем придонес за освојувањето на третото место, што е најдобар пласман за клубот откако е формирана ракометната Суперлига

Старо-новиот тренер доби долгорочен договор и веќе го одржа првиот тренинг со екипата. Пролет во продолжение од сезоната ќе игра во плеј-аут зоната и ќе има цел лесно да го обезбеди опстанокот во елитата.