• Зоран Мишевски

Викендов се одиграа четртфиналните групи од Купот на Македонија во ракомет во женска конкуренција. Познати се четирите екипи кои во мај ќе се борат да за титулата, а ЖРК Куманово е единствениот тим кој ја поремети хегемонијата на скопските тимови.
Покрај кумановчанки, кои го елиминираа ЖРК Металург, во полуфиналето се пласираа ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.
Куп на Македонија (ж)
Четвртфинални групи:
Група 1:
ЖРК Куманово – ЖРК Металург 21-20
Група 2:
ЖРК Чаир – Овче Поле СУ 46-29
Група 3:
ЖРК Вардар – Деспина 30-21
Група 4:
ЖК Пелистер – ЖРК Ѓорче Петров 26-47
Натпреварите од завршницата предвидени се за третата недела од месец мај.