Познати термините за четвртфиналниот двомеч меѓу Вардар и ПИК Сегед

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги откри термините во кои што Вардар и ПИК Сегед ќе го одиграат четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

На 25 април, вардарци во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат унгарскиот претставник со почеток од 20:00 часот. Реваншот е закажан за десет дена, односно на 5 мај, а истиот ќе се одигра во терминот од 19:00 часот.

На патот до етвртфиналната фаза, македонскиот првак го елиминира ППД Загреб, а Унгарците беа подобри од Висла Плок.

Избраниците на Роберто Гарсија Парондо ќе бидат фаворити за пласман на завршниот турнир во Келн, каде се најдоа во последните две сезони. Традицијата вели дека ПИК Сегед редовно губел во Скопје, па така беше и на последниот двомеч во осминафиналето пред четири сезони. 

Пред две години, „црвено-црните“ ја израдуваа македонската нација и го запишаа најголемиот успех во нашата историја, освојуваќи ја титулата со победа над ПСЖ во големото финале.