Познати термините на полуфиналните мечеви на завршниот турнир во Келн

Крајот на 2020 година ќе донесе спектакл во Келн, каде најдобрите четири екипи ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите 2019/20.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги откри термините на полуфиналните пресметки. На 28 декември програмата ќе започне со дуелот меѓу Барселона и ПСЖ од 18:00 часот.

Вечерниот термин од 20:30 часот им припаѓа на Кил и Веспрем, кои ќе го дадат вториот патник во големото финале, кое е закажано ден подоцна.

Фановите нема да бидат на трибините во „Ланксес Арена“, но сите љубители на ракометот ќе имаат шанса виртуелно да присуствуваат на мечевите. 

Титулата сè уште ја брани Вардар, кој славеше на последниот завршен турнир во Келн.