• Горан Упале
Ракометниот клуб Охрид испиша своја историја и ќе заигра во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Со елиминацијата на Дукла Прага во осминафиналната фаза македонскиот тим продолжи меѓу осумте најдобри.
Во битката за полуфинале нашиот претставник ќе се судри со Олимпијакос, а познати се и датумите и термините на одигрувањето на двата натпревари. Првиот се игра во Грција на 29 март со почеток од 17:00 часот, додека реваншот во „Билјанини Извори“ е закажан за на четврти април со почеток од 18:00 часот.
На извлекувањето во Виена, ЕХФ го одреди и патот до финалето. Така, ако Охрид го елиминира Олимпијакос, познато е со кој вкрстува во полуфиналната фаза. Таму „гладијаторите“ или Грците ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Целје и Бузау.



